Динамо и Ристовски ќе стартуваат против Астана

141

Екипата на Астана од Казахстан денеска се пласираше во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите елиминирајќи го тимот на Динамо Тбилиси. Екипата на нашиот некогашен младински репрезентативец Алекса Амановиќ обезбеди триумф од вкупни 3:2, и сега оди на за нас добро познат ривал.

Во следната фаза ги чека тимот на Динамо Загреб, за кој што секако една  од главните карики е нашиот национален капитен Стефан Ристовски.

Првиот меч се игра на 25 или пак на 26 јули во Загреб.

 

ПретходноВо понеделник нашите екипи ќе ги дознаат евентуалните противници во 3.квалификациско коло во ЛК!
СледноЛиверпул ја доби првата пријателска средба летово