И Валенсија го сака Енис Барди!

346

Уште еден познат европски клуб, некогашен гигант, екс шампион на Шпанија, го посакува Енис Барди во своите редови. А тоа е Валенсија. Имено по Торино, сега и тимот од “Местаља“ испратила понуда до Трабзон со цел да го ангажира нашиот репрезентативец како позајмен играч во следната сезона.

Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, посебно ако се знае дека од Шпанија уште два клуба се заинтересирани за Барди.

Инаку познато е дека Енис Барди има играно за тим од Валенсија, тоа беше кога играше за Леванте, дали ќе се врати во Валенсија, но сега како играч на Валенсија, останува да се види.

На потег е Трабзон.

ПретходноАрслан и Цефас пред утрешниот реванш со Хегелман: И покрај тие 5:0 мора да бидеме максимално сериозни!
СледноНов Генерален директор во Флекс Кредит