Дејан Манасков нема да биде од составот на Вардар 1961 за следната сезона. Македонскиот репрезентативец во редовите на најтрофејниот клуб дојде од Веспрем и остана една година, во која успеа да го освои Купот на Македонија.
„Дејан Манасков нема да биде во тимот за следната сезона. На негово место е доведен Марко Срдановиќ“, потврди Борко Ристовски.
Од поискусните македонските ракометари остануваат Мартин Томовски, Гоце Георгиевски и Томислав Јагурноски.