Арслан и Цефас пред утрешниот реванш со Хегелман: И покрај тие 5:0 мора да бидеме максимално сериозни!

110

Утре од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Шкупи ќе го дочека литванскиот Хегелман, во реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Да потсетиме дека чаирчани славеа во Каунас со 5:0, па сега речиси се во втората рунда.

Сепак, како голем професионалец, тренерот на нашиот претствник Чихат Арслан, на денешната прес – конференција истакна:

Првиот натпревар го добивме со 5:0, тоа беше прекрасен настап на нашиот тим на кој блескаше Цефас со четири погодоци. Морам да се пожалам дека имавме потешкотии при враќањето во Скопје, тоа беше долго патување, па затоа бевме по малку и уморни и последните денови ги искористивме за мало закрепнување. Сега сме подготвени за реваншот. Да кажам дека ова е важен меч за нас, без разлика на резултатот од првиот меч ние мораме да бидеме максимално сконцентрирани и сериозни. Видов кај играчите мало опуштање, па затоа вчера морав да одржам состанок со нив. Се надевам дека утре ќе го извлечеме најдобриот резултат кој што можеме“ рече покрај другото стратегот на Шкупи.

Фантастичниот Реналдо Цефас во Каунас блескаше, а денеска на пресот посочи:

Што се однесува до утрешниот меч сите играчи се подготвени.Во текот на изминатите денови се подготвувавме и физички и психички. Знаеме дека имаме висока предност од првиот меч, но уште ништо не е готово. Утре треба да започниме како да е 0:0 од Каунас а не 5:0“ посочи Цефас.

ПретходноЖдрепка: Струмица против Нефтохимик, Будва и Капошвар во групната фаза на ЛШ
СледноИ Валенсија го сака Енис Барди!