Баерн се предомисли околу можноста за продажба на играчот од средниот ред Џошуа Кимих.
Според „Кикер“, клубот од Минхен е подготвен да го продаде 28-годишниот играч доколку пристигне профитабилна понуда, бидејќи неговиот договор има уште 2 години до истекот. Претходно од германскиот шампион јасно нагласија дека Кимих не е на продажба, но очигледно се премислија откако се појави интересот за играчот од екипата на Ливерпул.
Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за купување на Германецот, меѓу кои и Ливерпул. Претходно беше објавено дека Кимих е заинтересиран за преселба во Барселона.
Според некои проценки вредноста на Германецот во моментов е околу 80 милиони евра.