Балтичко проклетство за Струга ТЛ, се повтори Лиепаја…и прв пораз на Дуро!

246

Вчера во Охрид на СРЦ “Билјанини Извори“ Струга ТЛ во реваншот од 1.квалификациско коло во ЛШ беше поразена од Жалгирис со 1:2. Во 76.минута имаше водство од 1:0 и го имаше в џеб двомечот со Галатасарај во втората рунда. Но тогаш за само неколку минути прими два гола, и сега ќе мора да игра во квалификациите во Лигата на Конференции.

Допрва треба да се направат анализи што и како. Како тоа да се случи после голот на Ибраими и водството од 1:0, стружани да примат два ефтини гола и со тоа да бидат елиминирани од ова натпреварување.

Значи продолжува “балтичкото проклетство“ за Струга ТЛ. Пред две години, тогаш во рамките на двомечот и дебито во Европа, стружани беа елиминирани од Лиепаја. И тогаш Струга ТЛ прво на гости одигра нерешено 1:1, но во Скопје на реваншот беше поразена со 1:4 и беше елиминирана.

Сега во Вилнус беше 0:0, а на домашен терен во Охрид пораз од 1:2.

Значи Струга ТЛ во Европа губи само кога игра на домашен терен, но не на свој терен во Струга, туку на ФФМ во Скопје и на СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид како што беше вчера.

Интересно, вчерашниот меч, мислиме тука само на официјалните и тоа во ПМФЛ во Купот и во Европа, беше 14-ти за Шпетим Дуро на клупата на стружани и го забележа првиот пораз и тоа од 8 март кога го имаше своето деби на клупата со триумфот над Шкупи од 2:1. Од тогаш па наваму Струга ТЛ до вчера не беше поразена на официјален меч под водство на стратегот од Албанија. Да, во финалето на Купот стружани беа поразена, но на пенали, по 120 минути беше 1:1.

На тие 14 натпревари под водство на Дуро, Струга ТЛ има 9 победи, четири ремија и само еден пораз, оној вчерашниот од Жалгирис по што беше елиминирана во квалификациите во Лигата на Шампионите.

ПретходноИталија ќе ја пречека Македонија на “Олимпико“ во Рим!
Следно“Новак е најуспешен, но не е најголем во историјата“!