Вардар 1961 го одржа првиот тренинг во рамките на подготовките за новата сезона. „Црвено-црните“ со шест нови имиња, без голем дел од македонските ракометари кои беа лидери тргнува во новата мисија.
Нови имиња во клубот со Србите Стефан Петриќ и Марко Сердановиќ, Словенецот Матија Николиќ, Јапонецот Косуке Јасухира од Висла Плоцк и двајцата репрезентавци на младинската селекција на Португалија, Нилтон Мело и Хансен Родригез.
Во составот на Вардар ќе ги нема Борко Ристовски, кој е извршен директор и Стојанче Стоилов, кој е помошник тренер на Недановски.
Капитенската лента му припадна на Гоце Георгиевски, негов заменик ќе биде Томислав Јагуриноски.
Вардар 1961 по пауза од една година се враќа на европска сцена, на 26 или 27 август го пречекува Рајн Некар во квалификациите за Лига Европа, а една недела подоцна се игра реваншот.
ФОТО: Денис Дуковски