Грците со Јанис на списокот за Мундобаскетот, но тој тешко дека ќе може да игра

177

Кошаркарската репрезентацијата на Грција го објави проширениот состав за Светското првенство, каде Грците се во група со САД, Јордан и Нов Зеланд.

На списокот од 18 играчи се најде и првата ѕвездза на Милвоки, Јанис Адетокунбо и покрај тоа што неговото учество на светскиот шампионат останува под голем знак прашалник.

На комплетниот список на грчкиот селектор се најдоа: Томас Валкуп, Михалис Лоунцис, Димитрис Флионис, Јанулис Ларенѕакис, Лефтерис Бохоридис, Димитрис Мораитис, Костас Папаниколау, Јанис Папапетру, Никос Ронгавопулос, Василис Харалабопулос, Јанис Адетокунбо, Танасис Адетокунбо, Лефтерис Манѕукас, Георгиос Папајанис, Костас Адетокунбо.

Светското првенство во 2023 година ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини од 25 август до 10 септември.

ПретходноТенисерка ја избриша трагата од топката во терен, противничката доби напад на паника (ВИДЕО)
СледноЛегендите ставаат крај на кариерите: Борко извршен директор на Вардар, Стоилов помошник-тренер!