Илиев и Хелсинки го елиминираа Ларне

346

Нашиот репрезентативен голман, Дејан Илиев со неговиот тим Хелсинки предмалку го елиминираа шампионот на Северна Ирска, Ларне играјќи 2:2, на гостински терен. Со оглед на фактот што првиот меч Хелсински го доби со 0:1, автоматски си закажа двомеч во следната фаза со тимот на Молде.

Илиев го стартуваше мечот но потоа на полувреме се пожали на повреда и беше заменет.

Сеуште не е позната причината поради која што Илиев излезе од игра или пак колку евентуално би отсуствувал од терените. Се надеваме дека се работи само за мала повреда и дека Илиев веќе на следниот меч ќе биде фит.

 

ПретходноЛиверпул ја доби првата пријателска средба летово
СледноПочина легендата Мирко Новосел!