Интер почна преговори со Мората, Атлетико (М) бара 20 милиони евра

138

Екипата на Интер започнаа преговори со агентите на шпанскиот напаѓач Алваро Мората. Според последните вести од „чизмата“, агентот на Шпанецот вчера бил во Италија и разговарал со спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто, по што продолжил со разговори со преставници на „нероаѕурите“.

Интер го направил првиот чекор околу можниот ангажман на Мората, но сега треба да се разговара околу конкретните услови од евентуалниот договор.

Агентот на Мората веднаш го информирал преставникот на Интер дека Атлетико Мадрид сака 20 милиони евра за да го продаде својот напаѓач. Претходно беше кажано дека Мората има желба да се пресели во Рома, затоа што Пауло Дибала веќе разговарал со својот поранешен соиграч од Јувентус.

ПретходноРоналдо: Пред да одам во Италија, Серија А беше мртва, сега сите сакаат по мене во С. Арабија
СледноСтрумица и Работнички во Луксембург ќе ги добијат ривалите во европските купови