Италија ќе ја пречека Македонија на “Олимпико“ во Рим!

293

Откако не можеа да ја победат Македонија во Торино (1:1) и во Палермо (0:1), раководството на Фудбалската федерација на Италија го одбра градот Рим и стадионот “Олимпико“ за домаќин на дуелот меѓу Италија и Македонија.

Ова е меч од претпоследното коло во квалификациската група – Ц за пласман на ЕВРО 2024, кој ќе се игра на 17 ноември.

Италија и гостува на Македонија во Скопје, во септември.

Кога сме кај тие два меча во Италија, и на двата, головите беа дело на Александар Трајковски. Во Торино за израмнување на 1:1, а во Палермо за победа од 0:1.

ПретходноСтрумичани задоволни од ждрепката за ЛШ, но нема да бидат домаќини на групата
СледноБалтичко проклетство за Струга ТЛ, се повтори Лиепаја…и прв пораз на Дуро!