Тимот на Ливерпул со победа ја стартуваше серијата на пријателски средби летово. „Редси“ беа подобри од германскиот лигаш Карлслуе на негов терен со 2:4, а важно е да се нагласи дека на овој меч за својот нов тим дебитираа, засилувањата Собозлаи, односно Мек Алистер.
Дарвин Нуњез го отвори резултатот во третата минута, а Ларс Штиндел израмни во 39. минута. Себастиан Лунг ги доведе домаќините во водство на почетокот на вториот дел. Израмни Коди Гакпо во 69. минута, а Диого Жота двапати погоди во продолжението.