Матеус Лемос е нов фудбалер на ФК Вардар!

674

Бразилецот, Матеус Лемос и официјално е нов фудбалер на Вардар. 26 годишниот фудбалер е второто засилување на „црвено-црните“ во пресрет на новата сезона.

Матеус доаѓа од екипата на Македонија Ѓорче Петров, каде настапуваше две сезони, освојувајќи две Куп титули.

„Му посакуваме добредојде, а до сите навивачи упатуваме апел, да се приклучат кон акцијата за купување на членски карти, бидејќи така директно го помагате функционирањето на клубот“, порачаа од Вардар.

Повратникот во македонската елита во овој момент е на подготовки во Златибор.

ПретходноШампионот денеска ги „пали“ моторите, веќе утре се сели во Маврово!
СледноПецаковски останува столб на одбраната на Пролет