Тенисерка ја избриша трагата од топката во терен, противничката доби напад на паника (ВИДЕО)

1677

На ВТА турнирот во Будимпешта вчера се случи неверојатна ситуација. Кинеската тенисерка Шуаи Жанг во солзи го предаде мечот против Унгарката Киара Тот, по срамниот потег на домашната тенисерка.

Имено, уште во првиот сет при резултат 5:5, најпрвин судијката досуди аут, иако топката јасно беше во поле, по што унгарската тенисерка го избриша отисокот од топчето на теренот, што предизвика неверување кај кинеската тенисерка, кој потоа имаше напад на паника.

Таа изгуби контрола над емоциите по неколкуминутната дискусија со судијката и неспортскиот потег на нејзината противничка. На повторената снимка се чини дека е многу јасно дека топката беше во теренот и дека кинеската тенисерка беше во право.

Публиката исто така реагираше недолично кон неа и ја натера на крајот да се расплаче и да го предаде мечот.

ПретходноЕлмас се врати во Неапол: Мило ми е што ве гледам, шампиони!
СледноГрците со Јанис на списокот за Мундобаскетот, но тој тешко дека ќе може да игра