Ново разочарување за Италија: По Банкеро и Томпсон нема да игра за аѕурите на СП

123

Новиот кошаркар на Анадолу Ефес, Дариуш Томпсон нема да игра за Италија на претстојниот Мундобаскет.

Италијанската кошаркарска федерација се надеваше дека Паоло Банкеро ќе ја одбере нивната репрезентација и ќе игра на Мундобаскетот ова лето, но тоа не се случи. Тој се реши за составот на САД, а сега во тимот го нема и Томпсон.

Главна причина за тоа што Томпсон нема да биде во составот на аѕурите е немањето италијански документи, односно нема да може навреме да извади италијански пасош поради некомплетна документација. Томпсон требаше да добие италијанско државјанство бидејќи неговата сопруга е Италијанка.

Италија на претстојниот Мундобаскет на Филипините ќе игра против Ангола, Филипини и Доминиканска Република.

ПретходноНов Генерален директор во Флекс Кредит
СледноОдбојкарките на Работнички против романски Лугој во 1. коло од ЦЕВ Челинџ купот