Пеп го избрка, Баерн не го сака, а сега доби „корпа“ и од саудиски гиганти!

7424

Жоао Кансело од Баерн се врати во Манчестер Сити, а веднаш потоа доби и официјална потврда дека Пеп Гвардиола (повторно) се откажал од него. Португалскиот дефанзивец беше стандарден член во првата постава на новиот европски шампион до крајот на 2022 година. Кансело од јануари е на позајмица во Баерн откако се скара со Гвардиола, но германскиот шампион не сакаше да го купи за 70 милиони евра.

Кансело сега е во потрага по нов клуб, а од Англија доаѓаат информации дека неговиот менаџер го понудил на саудиските клубови. Ал Наср, Ал Хилал, Ал Ахли и Ал Итихад ја отфрлија можноста да го доведат. Не е познато од кои причини Саудијците не сакаат да го доведат еден од најдобрите дефанзивци на денешницата.

За неа беа заинтересираниБарселона и Арсенал, но се уште не се преземени конкретни чекори.

Кансело одигра 21 натпревар за Баерн, постигна еден гол и шест пати асистираше. Тој има договор со Сити до летото 2027 година. Во својата кариера настапуваше за Бенфика Б, Бенфика, Валенсија, Интер и Јувентус. За Португалија има осум гола на 43 настапи.

ПретходноУрнебесно: “Пробав да го опијанам Јокиќ, но….“!
СледноГоце Георгиевски е новиот капитен на Вардар 1961!