Бенџамин Менди (29) му се врати на фудбалот на голема врата. Имено пред неколку дена, екс фудбалерот на Манчестер Сити беше ослободен од судот од сите обвиненија за силување, а денеска потпиша за Лориен. Клубот од Лига 1 веќе го објави трансферот и го промовираше своето големо засилување.
Инаку Менди веќе две години е надвор од фудбалот, Сити иако го плати 60 милиони евра, веднаш го избрка од клубот од како се појавија информации, а потоа беше започнато и судењето, дека тој наводно бил сериски силувач.