Ако може еден двомеч да се нарече сензација тоа секако е штотуку завршениот помеѓу шампионот на Унгарија, Ференцварош односно тимот на Клаксвик од Фарски Острови.
Малиот клуб од европската држава која фудбалски реално е далеку од Унгарија, успеа да го елиминира големиот противник откако предмалку среде Будимпешта поведе со 0:3. Првиот дуел заврши 0:0, а кога се очекуваше рутина на домашен терен Клаксвик ја забележа првата гостинска победа на интернационална сцена.
Фредериксберг на два пати, а потоа и Каси веќе на полувреме му донеса сензационални 0:3, а потоа домашните немаа сила да се вратат на преполната Арена. Домашните навивачи со овации за борбените гости, а со свирежи за своите миленици кои очигледно ги очекуваат пеколни неколку денови.