Екипата на Работнички предмалку во пријателски натпревар во рамките од подготовките во Словенија, загуби од прволигашот од Израел, тимот на Ашдод.
Нашиот тим губеше со 0:3, но потоа Манојлов, односно Мурати од пенал го намалија водството на противникот за конечни 2:4.
Сепак, ова е само подготвителен период и во раборот на Работнички се оптимисти по повод претстојната ПМФЛ сезона.