Сакраменто го објави потписот со Везенков

152

НБА тимот Сакраменто официјално го објави потпишувањето на договор со бугарскиот кошаркар Саша Везенков (27 години, 206 см).

Според медиумите, поранешниот играч на Олимпијакос потпишал тригодишен договор вреден 20 милиони долари.

Везенков беше избран од Бруклин на драфтот во 2017 година. Во јануари 2021 година, Кливленд ги стекна правата на Везенков од Нетс во трејдот во кој учествуваше Џејмс Харден. Везенков ги помина последните пет сезони во Олимпијакос, станувајќи и МВП во сезоната 2022/23 во Евролигата.

ПретходноСтрумица и Работнички во Луксембург ќе ги добијат ривалите во европските купови
СледноБаерн се премисли: Кимих оди на продажба за добра сума, Ливерпул е на потег!