Сопственикот на Интер Мајами пред медиумите го потврди претстојниот потпис на дефанзивецот Жорди Алба.
„Алба ќе го потпише договорот денеска“, изјави Хорхе Мас за американските медиуми.
Алба ја напушти Барселона по раскинувањето на договорот во мај. Тој е веќе трет поранешен играч на Барселона кој доаѓа во МЛС тимот. Пред него за Интер Мајами потпишаа и Меси и Бускетс.