Стоилов: Вардар е срцето на Скопје, сакаме да го вратиме онаму каде што припаѓа!

325

Во стручниот штаб на Вардар 1961 во новата сезона ќе ја гледаме легендата, Стојанче Стоилов. Поранешниот македонски репрезентативец одлучи да стави крај и на играчката кариера и да влезе во нови води. Да биде помошен тренер на Владо Недановски, а истовреме да се грижи за иднината на клубот, поточно за најмладите.

„Благодарност до сите во клубот и до навивачите. Мене ми е важно да работам со луѓе што на Вардар му мислат добро. Јас бев со Вардар кога беше многу добро, но и во последните години кога беше оставен сам на себе. Имаше многу опструкции против Вардар.

Со Борко сакаме да го вратиме Вардар таму каде што му е местото, титула во домашното првенство и во Лигата на шампиони. 

Имаше многу пропусти низ годините. Кога целиот тим е разнишан се запоставија младите ракометари. Да почнеме од почеток, да го издигнеме Вардар, кој е во срцето на градот и во Македонија“, рече Стојанче Стоилов, кој ќе биде координатор токму на „најранливите“ категории во клубот.

Владо Недановски, кој останува како прв тренер на клубот е среќен што покрај себе ќе има едно име како Стојанче Стоилов.

„Чест ми е што сум до Михајловски и сум назначен на тренер на Вардар. Што се однесува до помошникот Стојанче Стоилов, чест ми е и задоволство што ќе соработуваме. Тој е најголемото вардарово име. Тој ќе биде од голема помош за тимот да напредува, се работи за познавач на ракометот, ќе биде голема чест да се работи за него“, изјави Владо Недановски. 

ПретходноБорко Ристовски: Првична цел е стабилизација на Вардар 1961!
СледноМанасков дефинитивно ја заврши „мисијата“ во Вардар 1961!