Урнебесно: “Пробав да го опијанам Јокиќ, но….“!

298

Во изминатата сезона во НБА, Денвер дојде до титулата, Никола Јокиќ беше прогласен за МВП, а јасно е дека имаше и големо славје во градот.

Секако и кошаркарите на Нагетси ептен му се израдуваа на пехарот, посебно Србинот кој беше централна фигура и на прославата.

Брус Браун, неговиот соиграч од минатата сезона, сега веќе член на Индијана, кажа нешто во врска со прославата нешто навистина интересно, а е поврзано со Јокиќ, кој во меѓувреме стана планетарна мега – ѕвезда.

Целта ми беше да го опијанам Јокиќ, пиевме некое српско виски (н.з.веројатно мисли на ракија). Но тој му го упропасти сценариото. Поголем е од мене, на тоа воопшто не размислував. Едноставно не можеш да пиеш со него, ја научив таа лекција. Никогаш повеќе...“ потенцираше Браун.

ПретходноЛина Ѓорческа завери 1/8 финале во Чешка
СледноПеп го избрка, Баерн не го сака, а сега доби „корпа“ и од саудиски гиганти!