Во Атлетико (М) бесни на Феликс поради изјавите дека сака да оди во Барселона

327

Раководството на Атлетико Мадрид збесна по изјавата на напаѓачот Жоао Феликс дека сака да се пресели во дресот на Барселона. Според шпанските медиуми, управата на клубот била многу лута од овој непринципиелен став на фудбалерот.

„Агентот на играчот добро ги знае условите кои мора да бидат исполнети за Жоао да го напушти клубот. Отсега нема што да коментираме за оваа работа“, соопштија од Атлетико Мадрид.

Претходно беше објавено дека ПСЖ е конкурент за 23-годишен Португалец.

ПретходноМанасков дефинитивно ја заврши „мисијата“ во Вардар 1961!
СледноЖдрепка: Струмица против Нефтохимик, Будва и Капошвар во групната фаза на ЛШ