Екипата на Астана од Казахстан денеска се пласираше во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите елиминирајќи го тимот на Динамо Тбилиси. Екипата на нашиот некогашен младински репрезентативец Алекса Амановиќ обезбеди триумф од вкупни 3:2, и сега оди на за нас добро познат ривал.
Во следната фаза ги чека тимот на Динамо Загреб, за кој што секако една од главните карики е нашиот национален капитен Стефан Ристовски.
Првиот меч се игра на 25 или пак на 26 јули во Загреб.