Одбојкарките на Работнички против романски Лугој во 1. коло од ЦЕВ Челинџ купот

235

Романскиот клуб Лугој ќе биде противникот на нашиот шампион Работнички во 1. коло од новата сезона на ЦЕВ Челинџ купот во женска конкуренција. Станува збор за тим кој минатата сезона го освои 3. место во шампионатот на Романија и кој ќе биде добар тест за нашиот шампион. Управата на Работнички се осмели по долги години европска пауза да се пријави за настап на европската сцена и да види до каде е развојот на овој млад женски одбојкарски состав.

Според ранкингот, Работнички беше меѓу носителите во ова 1. коло од третото по ранг европско клупско натпреварување, па затоа првиот меч ќе го одигра на гостински терен, а реваншот ќе го одигра дома.

Според распоредот, првите средби треба да се одиграа во периодот од 10 до 12 октомври, додека реваншите ќе бидат од 17 до 19 октомври.

ПретходноНово разочарување за Италија: По Банкеро и Томпсон нема да игра за аѕурите на СП
СледноПред неколку дена судот го ослободи од сите обвиненија за силување, а денеска потпиша за Лориен! (ФОТО)