Со головите на Ивановски од пенал во првото полувреме, односно Марио Гасама во самиот финиш на мечот, тимот на Тиквеш предмалку на свој терен успеа да слави над екипата на Брегалница со конечни 2:1. За штипјани пак погоди Андерсон уште во втората минута.
Во уште еден од неколкуте пријателски мечеви летово, Тиквеш овојпат успеа да обезбеди триумф иако секако во моментов најважен е моментот на физичката подготовка, како и воиграноста на екипата. Ништо понаку и Брегалница која имаше неколку играчи на проба на овој меч.