Колштад се спаси, седум играчи прифатија помали плати!

242

Колштад е во голема финансиска криза. Норвешкиот првак јавно призна дека не може да ги исплати договорените плати на дел од ракометарите, инсистираше на намалување на истите за да ја преброди кризата.

Седум ѕвезди на тимот прифатиле да играат за 30% помали плати сезонава и практично го спасија проектот, а тоа се: Сандер Сагосен, Јоран Јоханесен, Магнус Абелвик Род, Ветле Ек Ага, Торборн Бергеруд, Сигвалди Гудјонсон и Магнус Гилеруд.

Колштад е прв противник на Пелистер во Лигата на шампиони, дуелот се игра во Битола.

ПретходноМакедонија остана на 68. место на ФИФА ранг листата
СледноРаботнички се пофали со Кристоџеј Дејли