Македонската фудбалска репрезентација и покрај очајниот епилог на последниот квалификациски термин кога загубивме од Украина на домашен терен со 2:3, и доживеавме срам на Олд Трафорд против Англија 7:0 сепак, не го промени местото ФИФА ранг листата која е објавена денеска.
Истата вели дека Македонија и натаму е 68. репрезентација во светот, додека пак на врвот и натаму е репрезентацијата на Аргентина која што секако е актуелен Светски првак од Катар.
Ние во моментов се соочуваме со криза на резултатски план, се „ниша“ столчето на селекторот Благоја Милевски кој доколку остане на чело на репрезентацијата го чека пеколен финиш на актуелните квалификации. Во септември ја пречекуваме Италија, па потоа одиме во Малта, за да ја потоа одиме на дуел со Украина кој реално ќе биде одигран секако на неутрален терен.