Она што можеше да се претпостави и очекува, Македонија ЃП по којзнае кој пат е елиминирана во фудбалска Европа уште на стартот, во 1.квалификациско коло и тоа во Лигата на Конференции, и тоа од силниот тим на РФС со вкупни 5:1. Попладнево во Јурмалам на “Слокас стадионот“, домашниот РФС со убедливи 4:1 успеа да го победи нашиот тим и да стави печат, по оние скопски 1:0, на пласманот во следната фаза каде за ривал ќе го има Сабах од Азербејџан.
За разлика од првиот меч, и покрја овие 4:1, сепак треба да се каже дека тимот од Ѓорче во поголемиот дел од мечот одигра борбено, на 0:0 и 1:1 имаше зицери, но сепак понатаму оди подобриот тим.
Македонија ЃП како што и вети, така и го почна мечот, борбено, атресивно, со намера да нападне кон голот на домашниот состав. Така и беше. Уште во 10.минута Фазли се закани, но резултатот остана 0:0. Пет минити подоцна, Фазли имаше зицер, беше сам пред домашниот гол и ова требше да биде водство за нашиот тим, но не беше. Само две минути и повторно Фазли шутираше, но за малку над голот на РФС. О Самаке се закани, штета, според шансите Македониј ЃП требаше веќе да има водство.
Затоа имаше гол на спротивната страна, Илиќ убаво му асистираше на Коуадуио, а овој ја затресе мрежата на Стевковски за 1:0, резултат со кој се замина на пауза, или вкупно 2:0 ако се земе вкупниот резултат.
ГООООЛ….“ЛАВОВИТЕ“ ИЗРАМНУВААТ,РФС ВЕДНАШ ВРАЌА СО НОВО ВОДСТВО
Само што започна второто полувреме, или поточно во 50.минута „лавовите“ израмнуваат и тоа со голот на Стојкоски, по асистенција на Попзлатанов.Истиот играч три минути имаше прекрасна шанса за водство, но не ја користи.
Затоа Летонците казнуваат, и повторно Коуадио во таа 58.минута кога прво се прошета низ одбраната на нашиот тим за да потоа рутински и ефектно го совлада Стевковски.
Штета, место Македонија ЃП да води, сега водство повторно има домашниот тим.
И тоа не беше се, имено Паниќ во 68.минута стрела за 3:1, се чини тоа беше крај на сите надежи на тимот од Ѓорче дека може да дојде до сензациија. Сепак РФС од Летонија е далеку подобар, поискусен тим, знае што сака и како да дојде до тоа што го сака и затоа се пласира во втората квалификациска рунда во Лигата на Конференции.
Во 86.минута Илиќ со убав шут со глава тресе за 4:1 и за крај на маките на „лавовите“.
1.квалификациско коло во ЛК (реванш)
РФС (ЛЕТ) – МАКЕДОНИЈА ЃП (МКД) 4:1 (1:0)
Стадион „Слокас“ во Јурмала (Летонија). Судија: Урс Шнајдер (Швајцарија). Стрелци: Коуадио 43., 55., Паниќ 68., Илиќ 86. (РФС), Стојкоски 50. (МАК). Ж. Картони: Пренга (РФС), Илиевски (МАК).
РФС: Стеинборс, Савалниекс (83. Сорокинс), Пренга, Липушчек, Мареш,Паниќ, Маркиев (83. Лемајиќ), Сантана (67. Зјузинс), Коуадио (83. Зеленковс), Диаманде (46. Икауниекс), Илиќ.
МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Пецов, Илиевски (64. Бајрами), Мишевски (80. Темелков), Јаго, Стојков, Стојкоски (79. Сековски), Самаке (72. Басит), Попзлатанов, Фазли, Алексовски (72 Карачанаков).