Екипата на Вардар која што во моментов се наоѓа на подготовки на Златибор, и официјално го потврди Лука Трајкоски како ново засилување.
Офанзовецот доаѓа како новитет во „црвено – црниот“ табор, и е дел од новиот бран фудбалери кои Вардар ги носи за што посилен да влезе во претстојната ПМФЛ сезона.
Денеска на тренинг се појави и Матеус Лемос, бразилецот кој има искуство во мак фудбалот со играњето за Македонија ЃП.
Конечно, во 18:30, Вардар денеска го игра вториот пријателски меч во Златибор, против екипата на Бокељ од Котор, Црна Гора.