Екипата на Вардар продолжува со пријателските натпревари на Златибор, каде што попладнево успеа со 2:1 да го победи Бокељ, тим од Црна Гора.
Вардарци поведоа со 1:0 со гол од пенал на Мицевски во таа 15.минута, во 40.минута го удвоија водството на 2:0 преку Мишковски. Во вториот дел тимот од Црна Гора успеа да намали на 2:1 во 62.минута, со што се испостави дека тоа е и конечниот резултат.
Ова беше втора контрола на Златиборза Вардар, на првата против Металац беше 1:1.