На денешната седница на советот на Град Скопје, на која ќе се расправа за ребалансот на буџетот, една од точките ќе биде и иницијативата за финансиска помош на ФК Вардар. Како што е добро познато, ФК Вардар и Град Скопје се тесно поврзани со сопственичката структура, односно Град Скопје е основач на клубот па како таков има права и обврски кон истиот. Низ годините Град Скопје многу често се вмешувал во работењето, опстојувањето и егзистирањето на Вардар, што по сопствена иницијатива што по редот на нештатат за да реагира кога е најпотребно.
Така беше своевремено, кога го спасуваше по владеењето на Слободан Брацо Вујчиќ, така беше кога му го предаде клубот во сопственост на Сергеј Самсоненко, така беше и кога го одзема од него и му го предаде на Слободан Крстевски Цобе.
Сега, кога навивачката група Комити е единствената која што се грижи за ФК Вардар и се бори како со лав за да го спаси од најлошото, водството на градот повторно ќе решава за судбината на клубот.
На иницијатива на советникот од ЛДП, Никола Пановски, како точна на дневен ред е поставена иницијатива за финансиска помош на ФК Вардар. Колкава, сеуште не е познато, исто како што не е познато дали иницијативата ќе биде изгласана и на Вардар ќе му бидат доделени финансиски средства во моментов неопходни за да се профункционира нормално.
Доколку на Вардар му се одобрат средтсвата потребни во моментов тоа ќе се направи со пренамена на средства што биле планирани за сосема нешто друго во годинешниот буџет на Град Скопје
Долговите на Вардар се огромни, според финансиските извештаи, оние наследените од времето на Сергеј Самсоненко се околу 2.4 милиони евра, додека Слободан Крстевски го покачи тој долг со свои 400.000 евра. Барем така велат Комитите, кои во моментов е единствените и кои комуницираат со јавноста и даваат какви такви информации.
Седницата на советот на Град Скопје почнува во 11:00 часот, а точката која што ќе одлучува за судбината на ФК Вардар е петта на дневен ред.