Фудбалската легенда Самуел Ето, кој во моментов е претседател на фудбалската федерација на Камерун е под истрага за местење на мечеви во тамошниот шампионат.
Како што пишува Л‘Екип, постојат аудио снимки на кој Ето гарантира дека одредена екипа од понизок ранг мора да биде исфорсирана и да влезе во елитната лига на Камерун.
Се работи за тимот на Викторија Јунајтед која што навистина по неколку месеци е промовирана во прволигаш.
Ето е сериозен лик во светски фудбалски рамки и секако дека вака лош скандал од локален тип ќе му направи голема штета на репутацијата.