Илиев: Добив потрес на мозокот, се е ок, одлично што поминавме понатаму

369

Тимот на Хелсинки синоќа мина во следната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите, откако со вкупни 2:3, беше подобар во двомечот со тимот на Ларне од Северна Ирска.

За Хелсински во стартниот тим настапи нашиот репрезентативен голман Дејан Илиев, кој во еден момент од првиот дел доби силен удар во главата и за момент загуби свест. Издржа струмичанецот некако до полувреме, а потоа беше заменет.

„Удар во главата, и потрес на мозокот. Во еден момент загубив свест, но сега сум ок. Малку одмор и се враќам на терен за брзо. Најважно е што ја остваривме целта и што минавме во следната фаза“ – ни изјави Илиев денеска.

Тој одлично се вклопи во тимот на Хелсинки и ја освои шампионската титула, а планира истото да го стори и во актуелната сезона.

 

ПретходноЈончевски ќе прозива на 24 јули, познат е поширокиот список
СледноВардар го потврди Лука Трајкоски, денеска тест со Бокељ Котор