Најмалку две лица се убиени во престрелка во Окленд, Нов Зеланд. Ова се случило само неколку часа пред почетокот на Светското првенство за жени, кое стартува во овој момент со мечот меѓу домаќинот и Норвешка.
Пукањето се случило во близина на хотелот во кој е сместена норвешката репрезентација.
Полицијата соопшти дека има и најмалку шест повредени, беше прецизирано дека стрелецот бил ликвидиран од властите.
„Известени сме дека ова е изолиран инцидент и не е поврзан со фудбалските настани во градот и со отворањето на Светското првенство, што ќе се одржи денеска според прелиминарната програма“, соопшти ФИФА.
ФОТО: ФИФА