Кадетите поразени на контролката со Хрватска

175

Машката кадетска кошаркарска селекција на Македонија влезе во последниот дел од подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „А“, кое од 4 до 13 август ќе се игра во нашиот главен град, Скопје.

Како вовед во последната фаза, стручниот штаб на селекцијата „Под 16“ години која ја предводи селекторот Алекандар Јованчев, испланира одигрување на уште два контролни натпревари.

По Бугарија, вечерва во СРЦ „Кале“ гостуваше соодветната селекција на Хрватска, која беше подобар противник од нас и славеше со 63:86.

Клучната предност Хрватите ја направија во првото полувреме кое го добија со 40:22.

Ивановски реализираше 16 поени, Марјановиќ додаде уште 14 во нашата селекција, која утре вечер, исто така од 18.30 часот, на истото место, во СРЦ „Кале“ ќе има шанса за реванш против одличната хрватска селекција.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Онана потпиша 5-годишен договор со Манчестер Ј. за 52,5 милиони евра
СледноПолувреме во Кардиф: Неубедлива Шкендија!