Попладнево од 17.30 часот во Јурмала (Летонија), Македонија ЃП ќе му гостува на тимот на РФС во рамките на реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Ако се знае дека минатиот четврток на ФФМ во Скопје беше 0:1 за Летонците, тогаш јасно е пред “лавовите“ е тежок испит, тежок предизвик. Посебно ако се знае дека тимот на РФС на првиот меч се покажа како исклучителен силен тим, кој знае што сака и знае како да дојде до тоа што го сака.
Сепак “лавовите“ не се предаваат, посакуваат сензација, посакуваат да го изненадат големиот фавоит за минување во следната рунда. Дали ќе успеат во тоа останува да се види. Вчера на пресот тренерот Горан Симов уште еднаш нагласи дека предноста и фаворитската улога е на страната на РФС, но затоа неговиот тим ќе стори се што може да дојде до позитивен резултат.
Вчера во добра атмосфера го одработија тренингот на стадионот “Слокас“ во Јурмала, каде што и ќе се игра мечот денеска.
Да кажеме дека судија на овој натпревар е Урс Шнајдер од Швајцарија.
Во случај Македонија ЃП да успее да ја мине оваа пречка, а за тоа ќе треба победа, тогаш во следната квалификациска рунда за ривал ќе го има Сабах од Азербејџан. Ако не, тогаш ќе заврши ова европско лето за тимот од Ѓорче уште тоа и пред да почне.