ЛК: Шкендија може и мора да го елиминира Хаверфордвест!

197

Вечерва од 20:45 часот на стадионот “Кардиф Сити“ во Кардиф, Шкендија ја очекува реванш пресметка од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против велшкиот состав Хаверфордвест. Тим кој што беше совладан во Скопје со 1:0, тим против кого Шкендија, иако создаде повеќе шанси, не го даде она што се очекуваше од нејзе.

Секако дека нашиот претставник оваа пречка може и мора да ја елиминира и без проблем да се пласира во следната фаза каде би ја очекувал дуел со подобриот од двомечот меѓу Б36 Торшавн од Ф. Острови и Паиде од Естонија.

Тетовци синоќа го одработија тренинг на прекрасниот стадиот во Кардиф, а на пресот свој коментар дадоа стратегот Ардијан Нухиу и еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Ералдо Чинари.

Момците се подготвени, без разлика на се јас реков дека сум задоволен од настапот на првиот меч и посебно од победата. Напорно работевме во изминатите денови да го елиминираме тоа што не беше добро во нашата игра, и мислам успеавме. Ми се допадна победничкиот менталитет на Шкендија, сепак во самата завршница ни е потребна поголема смиреност“ посочи покрај другото Нухиу.

Додека Чинари потенцираше:

Верувам во нашиот тим. Треба да одиграме максимално, да ги извршиме задачите на тренерот и да излеземе како победници од овој меч. Секако дека играњето на еден ваков стадион е дополнителен мотив за над да оидграме како што треба“.

Инаку судија вечерва ќе биде Ивар Ори Кристјансон од Исланд.

ПретходноВардар го потврди Лука Трајкоски, денеска тест со Бокељ Котор
СледноАризанкоски следната сезона во Брера Струмица