Нема дилеми дека Шкупи е веќе во следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции. Оние 0:5 од Каунас на гости кај Хегелман кажуваат дека се е готово. Секако дека треба да се биде смирен, да не се потценува противникот вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Секако, фудбал е тоа. Но треба да се случи катаклизма за да нашиот евро претставник прокоцка вакв предност и тоа пред своите фанови.
Од друга страна јасно е дека ова вечерва треба да биде и едно убаво “загревање“ за тоа што ќе се случува во 2.квалификациско коло и тоа во двомечот со Левски. Овој двомеч протов бугарскиот тим ќе биде со посебни емоции, се знае и зошто, а ние во Шкупи имаме добар тим кој би требало и на тој двомеч да покаже што знае, а според она од Каунас, знае и тоа како.
Сепак да се вратиме на тоа што вечерва чаирчани ги очекува. Хегелман е тим кој убаво ќе биде да се победи уште еднаш, да се задржи победничкиот ритам, Реналдо Цефас да постигне уште некој гол, во Каунас постигна четири, и да се покажа кој е кој во овој двомеч.
Можност секако стратегот Чихат Арслан и да комбинира со составот, да им даде шанса на оние кои во Каунас беа во втор план, секако дека треба да се чуваат силите за Левски Софија.