Вчера Балканот, а посебно Хрватска и Загреб, беа зафатени со епско невреме. Имаше и мрттви лица, а настрадаа и теренот, соблекувалните, покривот на стадионот на Рудеш, новиот прволигаш во ХНЛ. Да потсетиме дека таму сега тренер е Роберт Просинечки а пред две недели потпиша и нашиот Андреј Лазаров, некогашен фудбалер на Тиквеш и Неготино.
Малку среќа во несреќа е тоа што сепак на овој стадионот Рудеш нема да ги игра своите мечеви во ХНЛ, во сезоната која стартува овој викенд.