Нејмар донесе одлука!

1860

Нејмар веќе подолго време се сели од еден клуб во друг, но на сите им беше јасно дека постои опција да остане во ПСЖ и следната сезона.

Во последното интервју кое Нејмар го даде не ги криеше амбициите да остане дел од ПСЖ и следната сезона.

Тој сака да ја продолжи кариерата во овој клуб, а не му пречи што навивачите не го сакаат.

Иако се зборуваше дека Нејмар може да го напушти ПСЖ, тој реши да стави крај на сите шпекулации.

Да потсетиме, Нејмар во последно време се поврзува со Челзи, Њукасл, како и со некои клубови од Саудиска Арабија.

„Сакам да останам во ПСЖ и следната сезона. Имам договор со овој тим. Никој не ми кажа дека треба да одам“, јасен беше Нејмар.

Неговиот договор со ПСЖ е до 2027 година и нема намера да си замине.

„Процесот на опоравување е многу болен и е тежок, но сакам што побрзо да се вратам на теренот. Сакам пред се да играм добро“, изјави Нејмар.

ПретходноМитровиќ подготви одмазда против Фулам
СледноДенеска е денот „Д“ за Вардар, поднесена иницијативата за финансиска помош до Град Скопје