Полувреме во Кардиф: Неубедлива Шкендија!

760

Неубедливо, да не кажеме слабо издание на Шкендија во првото полувреме во Кардиф, резултатот по тие 45.минути е 0:0. Сепак и со овој резултат тетовци одат натаму ако се знае дека на првиот меч во Скопје славеа победа над велешкиот Хаверфордвест со 1:0.

А вечерва на “Кардиф стадионот“ во Кардиф, Шкендија има посед, но без некоја конкретна акција, освен онаа на Чинари во 41.минута кога овој мораше да го погоди голот од изгледна шанса. Претходно Чинари во неколку наврати се закани, исто и Адили од далечина се обиде, но гол за Шкендија нема.

Велшаните добро се бранеа, а се заканија во два наврати преку Фосет и Овен, сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.

Инаку ова е реванш меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

ПретходноКадетите поразени на контролката со Хрватска
СледноТрет Каталонец на Флорида: И Жорди Алба потпиша со Интер Мајами