Ребиќ отпишан во Милан, не оди на подготовки!

273

Милан утре заминува на подготовки во САД, а во авионот нема да биде хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ. Италијанскиот клуб повеќе не смета на 29-годишниот напаѓач и сака да се ослободи од него ова лето.

„Анте Ребиќ и Дивок Ориги ги излудуваат сопствениците на Милан. Двајцата добија сериозни понуди од Турција во овој преоден рок, челниците на Милан беа подготвени да преговараат со Бешикташ и да постигнат договор, но Хрватот и Белгиецот не сакаат да го напуштат клубот“, пишува Corriere dello Sport и додава:

“И двајцата имаат разочарувачка сезона зад себе и Милан сака да се ослободи од нив со сите сили за да ослободи место во буџетот за плати. Ребиќ заработува три и пол милиони евра годишно, а Ориги четири. Тоа се превисоки плати за играчите од кои клубот не добива ништо”.

ПретходноСе враќа Суперкупот во АБА лигата?
СледноМизерија: Срамна елиминација на Шкендија…