Трет Каталонец на Флорида: И Жорди Алба потпиша со Интер Мајами

78

Жорди Алба и официјално му се приклучи на Интер Мајами.

Клубот од МЛС вечерва го објави потписот на 34-годишниот дефанзивец. Времетраењето на договорот се уште не е објавено.

Претходно, поранешните соиграчи на Алба во Барселона, Лионел Меси и Серхи Бускетс исто така направија трансфер во американскиот тим.

Жорди за Барселона играше од 2012 година. Во мај оваа година, дефанзивецот го раскина договорот со каталонскиот клуб.

ПретходноПолувреме во Кардиф: Неубедлива Шкендија!
СледноАл Наср преговара со Садио Мане, Баерн бара 30 милиони евра