По толку многу играчи кои ја напуштаат Европа за да се преселат во новата „мека“, шампионатот во Саудиска Арабија, има и такви кои тргнуваат по спротивниот пат и се подготвуваат да ја напуштат блискоисточната земја за да се вратат на Стариот континент.
Како што пишува „Тутомеркато“ еден од нив е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој се уште е фудбалер на Ал Фајха.
Според информацијата на италијанскиот портал, македонскиот напаѓач кој претходно ги бранеше и боите на екипата на Палермо може да се врати во Серија А лигата следната сезона. За него во моментов има голем интерес од три клуба: Џенова, Лече и Фросиноне.
Во моментов во предност е екипата на Џенова, смета „Тутомеркато“.