Македонската кошаркарска репрезентација на чело со селекторот Александар Јончевски ќе има работно лето. Ќе биде дел од претквалификацискиот олимписки турнир кој од 12. до 20. август ќе се одржи во Талин (Естонија) и Гљивице (Полска).
По тој повод, селекторот Јончевски предмалку го објави поширокиот список на репрезентативци на кои ќе смета во следниот период и од кој на крајот ќе се исфилтрира финалниот состав со кој ќе настапиме на турнирот. Стартот на подготовките е закажан за 24. јули во Скопје, во салата Јане Сандански од 18:00 часот.
ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
(за олимписки претквалификациски турнир-Талин 2023)
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Ти-Џеј Шортс
Андреј Јакимовски
Андреј Магдевски
Адем Мекиќ
Андреј Маслинко
Стојан Ѓуроски
Дамјан Робев
Виктор Ефремоски
Љубомир Младеновски
Андреј Андоноски
Теодор Симиќ
Андреј Шошкиќ
Резарт Мемед
Марин Петков
Андреј Митревски
Амар Хот
Селектор: Александар Јончевски