РК Мулти Есенс денеска ги започна подготовките за претстојната сезона!
Клубот оваа година ќе дебитира во најсилната конкуренција на домашната сцена, во Суперлигата. Во согласност со развојната политика, екипата ќе биде составена од македонски ракометари, дел од нив репрезентативци во младинските категории, кои ќе добијат шанса да се развиваат и да напредуваат преку натпреварите со најсилните екипи во земјава.
Првата прозивка ја направи новиот тренер, поранешниот репрезентативец и тренер со интернационално искуство, Иван Марковски, а негов асистент е Миле Бочкаровски.
РК Мулти Есенс ќе ги реализира подготовките во Скопје, предвидено е да учествува на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а ќе одигра и неколку контролни натпревари.