ЛК: Шкупи вечерва против Хегелман ќе се “загрева“ за Левски!

103

Нема дилеми дека Шкупи е веќе во следната фаза во квалификациите во Лигата на Конференции. Оние 0:5 од Каунас на гости кај Хегелман кажуваат дека се е готово. Секако дека треба да се биде смирен, да не се потценува противникот вечерва на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Секако, фудбал е тоа. Но треба да се случи катаклизма за да нашиот евро претставник прокоцка вакв предност и тоа пред своите фанови.

Од друга страна јасно е дека ова вечерва треба да биде и едно убаво “загревање“ за тоа што ќе се случува во 2.квалификациско коло и тоа во двомечот со Левски. Овој двомеч протов бугарскиот тим ќе биде со посебни емоции, се знае и зошто, а ние во Шкупи имаме добар тим кој би требало и на тој двомеч да покаже што знае, а според она од Каунас, знае и тоа како.

Сепак да се вратиме на тоа што вечерва чаирчани ги очекува. Хегелман е тим кој убаво ќе биде да се победи уште еднаш, да се задржи победничкиот ритам, Реналдо Цефас да постигне уште некој гол, во Каунас постигна четири, и да се покажа кој е кој во овој двомеч.

Можност секако стратегот Чихат Арслан и да комбинира со составот, да им даде шанса на оние кои во Каунас беа во втор план, секако дека треба да се чуваат силите за Левски Софија.

ПретходноГрад Скопје ја изгласа иницијативата, советниците ја задолжија Данела Арсовска да најде пари за Вардар
СледноБорнмут доведе Србин со унгарски пасош