Бадијала борбеноста на “лавовите“, па и солидната игра, неколку закани, па и зицерот на Фазли во 15.минута, кога РФС по првото полувреме води со 1:0. И тоа со голот на Коуадио во 43.минута по асистенција на Илиќ.
Ова е резултатот по првиот дел од реванш средбата од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу РФС и Македонија ЃП, меч кој се игра во Јурмала на “Слокас“ стадионот.
Нашиот тим може да жали за ваквиот развој на настаните ако се знае дека во 15.минута, преку Фалзи, имаше чист зицер за водство. Истиот играч се закани уште двапати, и Самаке упати закана, но како што рековме, домашниот летонски тим води со 1:0 или вкупно 2:0 ако се знае дека во Скопје на првиот меч беше 1:0 за РФС.